Адреса: Ул. Кирил и Методиј Бр.30/1-6, 1000 Скопје, Македонија; Телефон: +389 2 3217 247; Факс: +389 2 3217 246; Email: info@ekosvest.com.mk

Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година во основен Суд 1 Скопје, под регистарскиот број З.Г. 192/02.

Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.

Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се зголеми јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.

Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:

  • одржлив транспорт;
  • обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
  • одржливо управување со отпадот;
  • заштита од хемикалии и тешки метали;
  • заштита од генетски модифицирани организми.

Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето на едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.

Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети.

Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 40 проекти во Македонија и регионот.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Награди

Награда „Goldman environmental award“- Фондација „Goldman“

Наградата за животна средина Goldman се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот. За 2019 година наградата е доделена на активисти од Чиле, Либерија, Монголија, Куковите Острови, САД, а меѓу добитниците е и Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.

Награда „13 Ноември“- Град Скопје

Наградата е доделена во 2011 година за воспоставување на системот за изнајмување на велосипеди во Градот Скопје и особени постигнувања во заштитата на животната средина.

Тимот на Еко-свест

“Coming together is a beginning. Keeping together is progress. Working together is success.” – Henry Ford

Ана Чоловиќ Лешоска

Директор

Дипломиран биолог со 20 годишно искуство во еколошкото движење во Македонија и регионот. Добитник на престижната награда за заштита на животна средина „Goldman Environmental Prize“ за Европа за 2019 година.

Невена Смилевска

Програмски координатор

Социолог, работи на темата енергетика и климатски промени од 2012 година. Искуство во управување со Европски проекти и експертиза во социјални истражувања.

М-р Јасмина Саид

Проектен координатор

Магистар по меѓународни односи, дипломиран економист, во Еко-свест работи од 2013 година на проекти поврзани со енергетиката и зелената економија. Долгогодишно искуство со администрирање на ЕУ проекти.

Стојан Лешоски

Проектен координатор

Инженер за компјутерски мрежи, во завршна фаза на магистерски студии по сајбер безбедност и дигитална форензика. Основач на Еко-свест, во организацијата работи од 2012 година на проекти за електронско вмрежување на граѓанскиот сектор.

Елена Николовска

Односи со јавност

Правник со долгогодишно искуство како еколошки новинар. Во Еко-свест е од 2017 година и ја координира комуникацијата на активностите и достигнувањата на организацијата. Работи и како проектен координатор во рамки на програмата за енергетика и клима.

Давор Пехчевски

Проектен координатор

Инженер за индустриски дизајн, со искуство во бизнис секторот. Во Еко-свест започна во 2018 година како волонтер, за веќе во 2019 година да работи како регионален координатор за квалитет на воздухот. Поседува вештини за истражување и дизајн.

Хелена Андонова

Проектен асистент

Машински инженер за енергетика и екологија, активна во Еко-свест од 2018 година како волонтер. Од 2019 година работи на проектни активности околу квалитетот на воздухот и како проектен асистент во програмата за енергетика и клима.

Извршен одбор

If not us, who? If not now, when? – John F. Kennedy

Проф. Д-р. Стефан Бужаровски

Претседател

Stefan Buzarovski is Professor of Geography at the University of Manchester, where he leads the Collaboratory for Urban Resilience and Energy within the Manchester Urban Institute. He is also an External Professor at the Institute of Geography, University of Gdańsk, Poland, and a Visiting Professor at the Department of Geography, University of Bergen, Norway. Stefan Buzarovski chairs the European Energy Poverty Observatory and a COST network titled ‘EnergyPovertyAction’.

Ленче Данаиловска

Член на извршен одбор

Жарко Конески

Член на извршен одбор

Извештаи

Вмреженост и соработка во Македонија

ИПА 2 механизам за граѓански организации

Во 2012 година, по иницијатива на Еко-свест се здружија вкупно 9 организации од граѓанскиот сектор во Македонија и упатија заедничко барање до Вице-премиерот задолжен за европски прашања за учеството на граѓанските организации во процесот на програмирање на Европските (ИПА) фондови во Македонија.

Во 2014 година, Еко-свест организираше годишна конференција на која 93 организации го основаа ИПА 2 механизмот за граѓански организации, кој претставува главна консултативна алатка со државните институции, кога станува збор за програмирањето, мониторингот и имплементација на Европските фондови во Македонија. Оваа бројка набрзо порасна до скоро 250 организации.

Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ го препозна воспоставувањето на оваа мрежа како светла точка во развојот на граѓанското општество.

Оваа мрежа е организирана во 8 сектори, и тоа: демократија и владеење, владеење на правото и темелни права, животна средина и климатска акција, транспорт/енергетика, конкурентност и иновации, образование, вработување и социјални политики, земјоделие и рурален развој и територијална и регионална соработка.

Коалиција Натура2000

Преку проектот „Заедно за Натура 2000“ кој Еко-свест го спроведуваше со поддршка на Европската комисија, се формираше Коалицијата Натура 2000 од вкупно 15 организации активни на полето за заштитата на природата и животната средина.

Коалицијата „Натура 2000“ е формирана во Скопје на 29 мај 2011 година и функционира како платформа составена од граѓански организации, други релевантни институции и индивидуални стручни лица. Наменета е за соработка и размена на информации, мислења, предлози и ставови, и е предвидено да биде место за развој на соработка во различни активности во согласност со мисијата на коалицијата.

Коалицијата „Натура 2000“ има отворен карактер и кон неа може да се приклучи секое здружение кое ги поддржува мисијата на коалицијата и нејзината работа.

Мисија на коалицијата „Натура 2000“

„Коалицијата “Натура 2000” обединува организации и поединци кои делуваат на полето на заштита на животната средина и биолошката разновидност со цел да се обезбеди воспоставување на еколошката мрежа Натура 2000 во Република Македонија.

Коалицијата се залага за спроведување на правната регулатива и добрите практики за заштита на животната средина и биолошката разновидност при сите инфраструктурни или други загрозувачки активности во Република Македонија. Со тоа коалицијата ќе придонесе кон воспоставување и заштита на Натура 2000 подрачја.“

Екосфера

Екосфера е електронска платформа за комуникација и соработка помеѓу здруженијата на граѓани, институциите, медиумите и сите граѓани на Република Македонија за прашањата поврзани со заштитата на животната средина.

Екосфера е започна во 2014 година, а во 2016 година, на годишната средба на еколошките здруженија беше прифатена како основна алатка за комуникација помеѓу граѓанските здруженија и институциите на државата.

Целта на Екосфера е да овозможи непречена комуникација и соработка помеѓу здруженијата на граѓани и институциите во секторот на заштита на животната средина.

Платформата цели да ги подобри и развие капацитетите на здруженијата на граѓани за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво, но и поголема транспарентност и отвореност кон пошироката јавност.

Покрај меѓусебната соработка, платформата има цел да ја подобри комуникацијата и соработката со ресорното министерство, институциите на државата, медиумите во целост, експертската јавност но и сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.

Вмреженост и соработка во светот

CEE Bankwatch Network

Мрежа од 15 организации од Централна и источна Европа каде Еко-свест членува од 2005 година. Главниот фокус на оваа мрежа се активностите на меѓународните финансиски институции и спрелување на негативните влијанија од истите по животната средина и луѓето.

Еко-свест успешно соработува со сите членки на оваа мрежа, а претставник од Еко-свест е член на Извршниот одбор на мрежата.

SEE NET

SEE NET е мрежа на граѓански организации од Југоисточен балкан со фокус на енергетика и транспорт. Брои 29 членки од регионот, групирани во повеќе работни групи.

Членките од оваа мрежа заедно го имплементираа проектот ETNAR- Мрежа на граѓански организации за застапување за одржливо користење на енергијата и природните ресурси во Западен Балкан и Турција преку кој Еко-свест спроведуваше активности во Македонија во времетраење од 3 години.

Турнејата на белиот дроб, еко-школата за енергија и едукативните работилници се дел од овој значаен проект.

EEB

European Environmental Bureau е Европска организација за застапување на промени во политиките во врска со животна средина во ЕУ. Брои Над 140 членки од над 30 европски земји.

Еко-свест стана членка во 2015 година, а од 2016 година има свој претставник до Одборот на оваа мрежа. Членството во оваа мрежа ни овозможува контакт со европските трендови во политиките и контакт со голем број истомисленици од секторот, како и можност за професионална надградба на нашите членови преку посети, состаноци и настани организирани од страна на оваа мрежа.

Еко-свест успешно соработува со сите членки на оваа мрежа, а претставник од Еко-свест е член на Извршниот одбор на мрежата.

Еко-свест членува и во следните мрежи:

  • GENET;
  • Inforse Europe;
  • Kite;
  • WECF (Women in Europe for Common Future);
  • CAN Europe;
  • HEAL (Health and Environment Alliance).
Close Menu