Адреса: Ул. Кирил и Методиј Бр.30/1-6, 1000 Скопје, Македонија; Телефон: +389 2 3217 247; Факс: +389 2 3217 246; Email: info@ekosvest.com.mk
Избрани 10 подгрантисти во рамките на проектот „Да Зборуваме За Климатските Промени“

Избрани 10 подгрантисти во рамките на проектот „Да Зборуваме За Климатските Промени“

Во рамки на шемата за регрантирање која е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и Движењето на екологистите на Македонија, на принцип на јавен повик за доделување на мали грантови за граѓански организации избрани се 10 подгрантисти.
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ како општа цел има зајакнување на влијанието и вклученоста на граѓанското општество во процесите на донесување на одлуки и во клучните реформи за поддржување на процесот на пристапување кон ЕУ.
Информираме дека заклучно со истекот на рокот за пријавување на 31.05.2019 пристигнаа вкупно 63 проектни апликации. Комисијата за избор составена од пет члена ги селектираше следните 10 апликации:

  • Здружение за заштита, едукација и промоција на храна Слоу Фуд Водно – Скопје, проект „Храна за промени“,
  • Движење за околината Молика – ДОМ Битола, проект „Иднина за климата – одлучи и дејствувај“,
  • Здружение за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН Скопје, проект „Училишта на сончева енергија“,
  • Здружение за слободен развој на мислата Сакам да кажам – Скопје, проект „Сакам Зелено“,
  • Еколошко Здружение – Движење Еко Герила Тетово, проект „Полог против климатските промени“,
  • Национално здружение на сопственици на приватни шуми Берово, проект „Зборувај гласно делувај јасно“,
  • Балканска фондација за одржлив развој – Скопје, проект „Да зборуваме за климатските промени и иднината на виновата лоза и виното“,
  • Здружение за екологија и заштита на животната средина Еко Тим Исток – Кочани, проект „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“,
  • Здружение на пчелари „Трмка“ – Старо Нагоричане, проект „Со пчелите и медоносната флора во борба со климатските промени“,
  • Зелената Арка – Скопје, проект „Агриколаб – платформа за колаборативни агроеколошки пракси“.

Избраните подгрантисти делуваат во 6 различни плански региони во земјата, а проектите опфаќаат повеќе аспекти релевантни за климатските промени – храна, прилагодување кон климатски промени, млади, медиуми, води, шуми, земјоделие, отпад, урбана екологија.
Подгрантовите ќе се спроведуваат во наредните 6 до 12 месеци, а средствата доделени по организација се движат помеѓу 8000 и 12000 евра за целиот проектен период.
Им честитаме на организациите добитници на грантовите и им посакуваме успешно спроведување на проектните идеи!

Leave a Reply

Close Menu