Адреса: Ул. Кирил и Методиј Бр.30/1-6, 1000 Скопје, Македонија; Телефон: +389 2 3217 247; Факс: +389 2 3217 246; Email: info@ekosvest.com.mk
Повик за експерти за поддршка при иницијатива за Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето

Повик за експерти за поддршка при иницијатива за Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето

Вовед

Преку финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање- Програма за распределба на финансиски средства за граѓански организации, Еко-свест го спроведува проектот  „Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето“ во чии рамки е потребно ангажирање на експерти.

Проблем

На национално ниво до сега нема изработено една долгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето која системски ги опфаќа сите сектори и дава јасни чекори, мерки и извори на финансирање со кои се постигнуваат конкретни цели во дадена временска рамка. Планот за чист воздух е добар почеток но е краткорочен и опфаќа само дел од секторите кои треба да бидат земени предвид при системското решавање на овој проблем.

Воедно, Град Скопје во 2017 има изработено план за подобрување на квалитетот на воздухот во агломерација Скопски регион и краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје и општините во град Скопје каде има релевантни мерки, меѓутоа се тешко спроведливи од неколку причини: недостиг од координација на институциите во неколку нивоа на донесување одлуки, неконсолидирани извори на финансирање, ограничени капацитети на институциите и сл. Воедно, ваквите планови честопати се изготвуваат без учество на експертската јавност и граѓаните, како и бизнис заедницата што ги прави уште потешки за спроведување, бидејќи голем дел од мерките би требало да вклучат системска комуникација и подигнување на јавната свест од сите вклучени чинители.

Цел

Целта на проектот е поднесување на иницијатива до Владата на Република Македонија за изработка на долгорочна Стратегија за справување со аерозагадувањето по изработен концепт и идеја во соработка со сите засегнати чинители.

Специфичните цели на проектот се:

  • Подобрување на соработката помеѓу сите релевантни чинители кои имаат надлежности во подобрување на квалитетот на воздух.
  • Создавање на спроведливи мерки за подобрување на квалитетот на воздухот поткрепени со експертски решенија и обезбедени финансии.

Задача

Задачата на експертот/ите ќе биде:

  • Организирање и спроведување на консултативни состаноци со надлежните институции- членови на Интерсекторска работна група за аерозагадување
  • Конципирање на идејата и предлог содржината на идната Стратегија врз база на собраните мислења и ставови на консултираните,
  • Спроведување на кратко испитување на јавното мислење по ова прашање
  • Презентација на концептот за иницијативата на работилница со сите надлежни и засегнати страни и институции
  • Подготовка на презентација со концептот (долга и кратка верзија)
  • Подготовка на краток извештај за спроведените активности

За оваа задача ќе се ангажираат најмногу 2 експерти.

Рокови

Активностите треба да се спроведат почнувајќи од 2 септември и да се завршат најдоцна до 30 октомври 2019 година.

Каде да се пријавите?

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија и понуда со образложение на бројот на денови за спроведување на активностите и вредност на ангажманот, најдоцна до 29 август 2019 година. Пријавувањето треба да се направи на е-маил ana@ekosvest.com.mk, а во насловот на пораката треба да се назначи „Пријава“. Кандидатот/ите кои ќе бидат избрани ќе бидат известени најдоцна до 31 август по електронски пат.

Leave a Reply

Close Menu