Член во:













Посетители:
Site Meter


Вести

15.06.2010

Мониторинг на IPA фондови


Мониторинг комитетот за оперативната програма за регионален развој на Република Македонија е воспоставен со цел да врши набљудување на искористувањето на фондовите од програмата IPA (Instrument for Pre- Accession).

Членови на Комитетот се претставници од:

Европска Комисија- Директорат за проширување
Влада на РМ- Сектор за европски прашања
Министерство за финансии
Министерство за транспорт и врски
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за локална самоуправа
Министерство за труд и социјална политика
Европска инвестициона банка
Еколошки невладини организации.

На следниот состанок, кој ќе се одржи на 25 јуни 2010 година, ќе се разгледуваат извештаите за досегашните активности во 2009 година, промените на оперативната програма и активностите околу следните проекти:

• Изградба на автопат Демир Капија- Смоквица
• Модернизација на Скопската железничка станица
• Модернизација на транспортна инфраструктура
• Изградба на пречистителна станица во Прилеп
• Подготовка на регионални планови за управување со отпадот и стратешка оцена на животна средина за источниот и североисточниот регион
• Техничка подддршка за подготовка на документација за систем за наплата на вода

Доколку сакате да добиете повеќе информации за проектите финансирани преку третата компонента на IPA фондовите, ве молам контактирате ме на ana@bankwatch.org, или 02/3217247

Ана Чоловиќ Лешоска
Претставник на еколошките организации во Комитетот

<назад>


Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ