Подигнување на капацитетите на граѓанските организации за ИПА



Во текот на 2010 Еко-свест започна со подигнување на капацитетите и знаењата на граѓанските организации во Македонија за пред-пристапните фондови. Инструментот за пред-пристапна помош, кој ги овозможува овие фондови за Македонија е активен од 2007 година и досега преку него се реализираат повеќе проекти во Македонија.

Во 2011 година Европската комисија започна ревизија на овој инструмент (кој е важечки за сите земји кандидати и потенцијални кандидати). Во 2012 година продолжува овој процес а во него можат да се вклучат и гражанските организации и да го дадат своето мислење за иднината на овој финансиски инструмент. Во Македонија Еко-свест ќе го организира работењето на сите заинтересирани организации во делот на подготовка на ставови и документи кои најсоодветно ќе ги пренесат истите до Владата на РМ и ЕУ.

При крајот на 2011 година Еко-свест организирање работилница за ИПА за граѓанските организации и објави Прирачник за граѓански организации за ИПА и со тоа дополнително ги запозна организациите со ИПА и со тоа овозможи нивно идно активно учество во процесите на ревизија на ИПА и програмирање за 2014-2020 година.