Национален натпревар за проекти

Еко-свест и CEE Bankwatch Network во рамки на програмата на Европска унија- Европа за граѓаните Ве канат да поднесете идејни проекти за активности кои во принцип може да бидат поддржани од ЕУ фондови.

Наградата е износ од максимум 3000 евра за идеја која најмногу ќе придонесе кон одржливиот развој на Вашата заедница!

Од заинтересираните индивидуалци, активисти и организации очекуваме општ опис на предложениот идеен проект не подолг од 3 страници, а не целосно разработен предлог.

Предлозите треба да се испратат на следната е-маил адреса
info@ekosvest.com.mk
со пополнување на пријавата достапна на:
www.ekosvest.com.mk

Крајниот рок за поднесување на предлог идеите е 20 септември 2012 година.

Финалистите ќе бидат исконтактирани и интервјуирани од страна на жири комисија во текот на септември 2012 година. Свеченото доделување на наградите ќе биде во октомври 2012 година. Победниците ќе имаат можност да патуваат во Брисел во февруари 2013 година и таму да ги презентираат своите идеи на конференција со Европската комисија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат покриени од организаторот.