Екосфера- Еколошка платформа

Здруженијата Еко-свест и Биосфера (како партнер на проектот) имаат главно мотивација да ги соединат еколошките организации во нивниот стремеж за здрава и чиста животна средина. Како организации постоиме долго време и успешно ги спроведуваме своите активности, но со текот на годините увидовме дека здружувањето и заедничкото настапување на организациите има значително поголем ефект врз јавноста и институциите бидејќи заедничкото делување е сериозно, издржано, го пренесува ставот и создава мотивација и посветеност кон мисијата на многу поголем број засегнати жители/организации.

Проектот има генерална цел да ги подобри и развие капацитетите на еколошките организации за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво.

Конкретната цел на проектот е да се создаде платформата ekosfera.mk за потребите на сите еколошки организации во Македонија.

Преку креирање на платформата ekosfera.mk ќе се постигне следното:
- Ќе се обезбеди едно место за поставување на информации, вести, настани од страна на еколошките организации за нивните активности, како и за сите активности на релевантните надлежни органи (каде можат да учествуваат еколошките организации)
- Ќе се воспостави механизам за будно следење на состојбите со животната средина на локално и национално ниво и ќе се отворат нови начини за делување (online петиции, писма и сл)
- Ќе се овозможи креирање на нови партнерства помеѓу организациите, нивно вмрежување како и создавање на нови здруженија,
- Ќе понуди иновативни начини на користење на интернетот за потребите на помасовно допирање до јавноста,
- Ќе овозможи значително помасовна медиумска покриеност на настаните и активностите на организациите поради лесната достапност на сите информации на едно место.
- Ќе овозможи креирање на „мрежа на знаење“ и „база на експертиза/знаење“ за поранешните и сегашните грантисти на ГЕФ ПМГ, со која ќе се обезбеди привлечен и лесен начин на комуникација и интеракција помеѓу грантистите на ГЕФ ПМГ во Македонија.

Проектни активности

• Дизајнирање на структурата на платформата ekosfera.mk и нејзино поставување online
• Изработка на прв еколошки форум поставен на ekosfera.mk
• Прибирање на сите потребни документи, бази, контакти и сл. и воспоставување на база на податоци на ekosfera.mk, нивно поставување
• Консултации и тест на платформата (организирање работилници и состаноци за сите засегнати страни)
• Промоција на платформата
• Изработка на IPhone и Android апликации за промоција на платформата.