Јавна расправа во Собрание на Република Македонија „Македонија во европската енергетска рамка“

На 22 декември во рамки на Националниот совет за европски интеграции во Собранието на Република Македонија по иницијатива на Еко-свест се одржа јавна расправа на тема „Македонија во Европската енергетска рамка“.

Еко-свест се обрати на пратениците и другите присутни со следниот говор:

Договорот во Париз кој ги дефинира обврските на државите- потписнички за климатски акции јасно укажува на тоа дека државите мораат да бидат уште поамбициозни во одредувањето на своите цели за намалување на емисиите. Покрај тоа, договорот укажува на тоа дека сите инвестиции мора да бидат во согласност со определбата за намалување на емисиите и градење на отпорност кон климатските промени.Договорот во Париз кој ги дефинира обврските на државите- потписнички за климатски акции јасно укажува на тоа дека државите мораат да бидат уште поамбициозни во одредувањето на своите цели за намалување на емисиите. Покрај тоа, договорот укажува на тоа дека сите инвестиции мора да бидат во согласност со определбата за намалување на емисиите и градење на отпорност кон климатските промени.

Според Третиот национален план за климатски промени, одобрен од Владата на РМ од 2014 година, енергетскиот сектор е главен придонесувач кон вкупните емисии на стакленички гасови со 73,4%. Оттука, планирањето на развојот на енергетскиот сектор ќе има пресудна улога во нашите заложби за намалување на емисиите.

Имајќи го ова предвид, Стратегијата за енергетика од 2015 година не предвидува конкретна цел во однос на намалување на емисиите и ограничување на растот на температурата во Македонија, туку само декларативно наведува „грижа за жс и климатски промени“. Целите треба да се ревидираат за да бидат специфични, мерливи, остварливи, реални и временски определени. Во моментот ниту една цел во стратегијата не е определена со овие параметри. Согласно, тешко ќе биде да се процени колку Македонија ќе исполни од зацртаното.

Покрај ова, за жал нашата стратегија нема јасна визија за она што сакаме да го постигнеме во одредениот период. Бидејќи енергетиката е сектор кој проникнува во сите сфери и го засега секојдневието на секој жител на РМ, таа визија треба да се создаде во отворени консултации и дискусии со сите засегнати страни вклучувајќи ги и граѓаните, граѓанските иницијативи и здруженија, истражувачките организации и центри, малите иновативни бизниси, синдикати, единиците на локална самоуправа и сите оние кои сакаат да придонесат. Стратегијата 2015-2035 е консултирана само помеѓу донесувачите на одлуки, МАНУ, и енергетските компании.

Од овие причини Еко-свест и МЦЕТ изработија студија Македонија во европската енергетска рамка која прави споредба помеѓу меѓународните договори, Европското законодавство и нивното транспонирање во нашето законодавство.

Студијата дава проценка за нивото на транспонирање и спроведување на овие закони и договори во Македонија. Може да се увиди дека технички гледано, транспонирањето на законите оди во добра насока, но реалноста покажува несоодветна и недоволна примена. Всушност, ние сме многу далеку од вистинското спроведување на европските закони. Освен тоа, студијата дава и неколку сценарија- за влез во ЕУ во различна динамика и влијанието на нашата енергетска стратегија и определба на оваа динамика. За жал, дури и во најоптимистичното сценарио Македонија не може да се усогласи со Европската енергетска рамка и да се подготви за влез Европската унија.

Токму отсуството на јасна и иновативна визија неминовно ќе предизвика Македонија да ги повтори грешките на Европските земји направени во минатиот век. Сметаме дека е неопходно нашата земја да се угледа на иновативните политики и практики за ослободување од фосилни горива и истите да ги примени веднаш. Ние ја гледаме иднината за Македонија во одржлив развој кој подразбира развој на економијата кој ќе овозможи благосостојба на граѓаните кои живеат во здрава животна средина. Наше е да спроведеме амбициозна енергетска стратегија и да ја направиме саканата иднина наша реалност.