Физибилити студија: Техничка и економска ревизија за ниско-јаглеродни алтернативи за зголемување на енергетските капацитети

Вид: Студија
Обем: Национален

Студијата “ELEM, FYR MACEDONIA: Technical and economic review of lower carbon alternatives for power capacity increase” (превод од англиски јазик: „ЕЛЕМ, ПЈР Македонија: Техничка и економска ревизија за ниско-јаглеродни алтернативи за зголемување на енергетските капацитети“ е физибилити студија изработена за потребите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и ЕЛЕМ која ги разгледува можните алтернативи за развој на енергетскиот сектор во Република Македонија.
Студијата е фокусирана пред сè на потенцијалните термо-електрични централи и ги разгледува можностите за надоместување на процентот од електрична енергија кој во изминатиов период се обезбедува од увоз со цел да се минимизира потребата од увоз на електрична енергија. Студијата разгледува неколку сценарија кои се засновани на искористување на домашните резерви на лигнит, истовремено давајќи предност на користењето на природен гас како економски поисплатлив енергенс. Во студијата е многу малку разгледано искористувањето на потенцијалот во областа на обновливите извори на енергија кои Република Македонија ги има без подетално објаснување за тоа.
Студијата е добиена од корисникот на студијата ЕЛЕМ преку поднесување на барање за пристап до податоци од јавен карактер со архивски број 454/0303 од 21.05.2013 година.
Ја користиме оваа можност да им се заблагодариме на ЕЛЕМ за давањето пристап до оваа студија.


Подготвил: ÅF – MERCADOS EMI

link до студијата [ 6000 KB ]

назад