Нафтоводи- закани наспроти придобивки

Нафтовод АМБО

Проектот АМБО (Албанско Македонско Бугарска нафтена корпорација) нафтовод се состои од изградба на нафтовод кој почнува во Бургас, Бугарија, и преку Бугарија, Македонија и Албанија завршува во заливот на пристаништето во Валона, Албанија. Долг е 894,5 километри и е замислен со цел да го помогне трансферот на 30-40 милиони тони сурова нафта годишно од каспискиот регион до Јадранското море и понатаму, до Европа и САД. Дебатата за овој проект веќе трае 13 години и уште не завршила. Вкупниот износ за проектот е 1,8 милијарди американски долари.
Од страна на АМБО корпорацијата, нафтоводот е претставен како базбеден и потребен за регионот, како и дека ќе донесе економски развој и нови вработувања, но како и сите други нафтоводи тој ќе претставува сериозна закана за животната средина. Дополнително, огромните инфраструктурни проекти како АМБО и останатите проекти за зголемување на производството и транзитот на фосилни горива на Балканскиот регион, ги превземаат сите расположливи финансиитеи оневозможуваат финансирање на мали енергетски само-одржливи проекти.
АМБО нафтоводот е планиран како интегрален дел од Енергетскиот парк Валона, кој се состои од 7 нови термоелектрични централи, една рафинерија за нафта и магацин за складирање. Овој нафтен комплекс треба да биде лоциран на познатата туристичка ривиера во Валона, и во близина на националниот парк „Лагуна Нарта“. Неколку години по ред постоеше силен отпор од албанското население на плановите за изградба на овој енергетски парк и како резултат, Албанската влада побара од АМБО корпорацијата дислокација на нафтениот терминал.
Граѓанските организации во Македонија, Албанија и Бугарија се загрижени за голем број еколошки аспекти околу изградбата на ваков нафтовод: зголемениот ризик од нафтени излевања во пределот на Бургас, дополнително, поради плановите за изградба на уште еден нафтовод, Бургас- Александропулис; сеизмичка активност на регионот во кој се планира трасата на нафтоводот; преминувањето на заштитени подрачја од страна на трасата а нафтоводот како на пример Националниот парк Рила, Езерски резерват Атанасово и резерватот Острица, природен парк Витоша во Бугарија и споменик на природата Пешти, во Велешко, Македонија. Доколку се изгради, нафтоводот АМБО ќе има значителни влијанија врз климата. Количеството на нафта кое ќе се пренесува преку нафтоводот ќе произведе повеќе од 100 милиони тони CO2 годишно. Оваа количина ја преминува вкупната емисија на CO2 на Албанија, Бугарија и Македонија.
Граѓанските организации од Бугарија, Македонија и Албанија го следат развојот на проектот. Нивните цели се концентрирани на: спречување финансиска поддршка на проектот од страна на меѓународните финансиски институции, кои работат со јавни пари; овозможување соодветно јавно учество и запазување на еколошките аспекти во сите три земји, и доколку проектот значително негативно влијае врз животната средина, негово спречување или видоизменување со цел да се избегне негативното влијание.