Градење партнерства за заштита на климата во Македонија

Во текот на 2013 година Еко-свест ја продолжува работата на заштитата од климатски промени во Македонија преку проектот „Градење партнерства за заштита на климата во Македонија“. Имплементацијата на проектот започна во мај 2013 година и е предвидено да трае до мај 2014 година.

Преку партнерство помеѓу неколку организации кои работат на различни аспекти на општеството, проектот „Градење партнерства за заштита на климата во Македонија“ има цел да придонесе за усогласување на енергетските објекти во Македонија со ЕУ стандардите, особено со стандардите за намалување на климатските промени според Директивата за големи постројки за согорување и според Директивата за емисии во индустријата, истовремено информирајќи ја пошироката јавност за климатските промени предизвикани од согорувањето на јаглен и влијанието кое овој процес го има врз нивното здравје и квалитет на живот, како и за можните алтернативи.