Еко-свест ја презентираше својата работа на конференција

Датум: 11.11.2011.

Локација: Скопје

Организатор: Новинари за човекови права, WECF

 

Драгана Угуровска од Еко-свест на 11 и 12 Ноември 2011 година, присуствуваше на конференција на тема “Предизвици и потреби во меѓуресорската соработка на полето на производи со опасни супстанции и безбедност на производите на Балканот” која се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот.

Настанот го организираше Новинари за човекови права во соработка со Women in Europe for Common Future (WECF).

На овој настан присуствуваа претставници од владиниот сектор, бизнис секторот, невладниниот сектор и новинари. Еко-свест на овој настан ги претстави активностите и истражувањата на поле на опасни хемикалии и тешки метали кои се спроведуваат од 2010 година.

Посетете ја toxic.mk доколку сакате да дознате повеќе за нашите активности на оваа тема.

 





назад