Презентирана Коалицијата „Натура 2000“

Датум: 16.11.2011.

Локација: Фондација Фридрих Еберт

Организатор: ЦеПроСАРД

 

На 16.11.2011 година Невена Смилевска од Еко-свест, координатор на Секретаријатот на Коалицијата „Натура 2000“, учествуваше на работилница на тема „Заштита на природата и локалните ефекти“ и на истата ја презентираше Коалицијата „Натура 2000“ и досегашните активности на Коалицијата пред присутните.


Настанот беше во организација на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРД во соработка со Friedrich Ebert Stiftung и беше одржан во просториите на Фондацијата Фридрих Еберт. На работилницата присуствуваа претставници од повеќе граѓански организации, експерти од Германија, како и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање.


Присутните разменија искуства со германските експерти во врска со работата на заштитени подрачја и проценките на влијанијата од активностите во заштитените подрачја, беше презентирана работата на Коалицијата „Натура 2000“ и беа добиени корисни совети во врска со понатамошната работа на Коалицијата.

 





назад