Одржан трет состанок на Коалицијата "Натура 2000"

Датум: 02.11.2011.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 


Во рамките на проектот на Еко-свест и CEE Bankwatch Network „Заедно за Натура 2000“, финансиски поддржан од Европската Унија, беше одржан третиот состанок на членките на Коалицијата “Натура 2000” на 02 Ноември 2011 година. На состанокот беа присутни 10 претставници од 9 организации.
На овој состанок се презентираше интегралната верзија на Правилникот на Коалицијата „Натура 2000“ кој беше дискутиран и усвоен на претходниот состанок на Коалицијата.
Исто така, беше презентиран и предлогот за формирање на работна група како и  предлог-правилникот за членарина на Коалицијата „Натура 2000“.
Се презентираа и извештаите за дополнување на Емералд мрежата во Македонија кои беа подгвотвени од ценети експерти и испратени до Европскиот Тематски Центар за Биодиверзитет непосредно пред био-географскиот семинар за Емералд мрежата за регионот Западен Балкан.

 





назад