Одржан првиот состанок на Коалицијата "Натура 2000"

Датум: 20.06.2011.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 


Во рамките на проектот на Еко-свест и CEE Bankwatch Netwotk „Заедно за Натура 2000“, финансиски поддржан од Европската Унија, беше одржан првиот состанок на групата која го поддржува Натура 2000 процесот во Македонија и работи на истиот.
Состанокот се одржа на 20 Јуни 2011 година, во просториите на Британски Совет во Скопје.
На состанокот беа присутни членови на 11 организации, како и вработените на Еко-свест.
На овој состанок се презентираше унифицираниот образец за биографија на организациите и писмото за пристап кон групата која го поддржува Натура 2000 процесот во Македонија и работи на истиот, како и неколку предлози за назив  и форма на групата, од кои како назив и форма на групата беше усвоен предлогот Коалиција „Натура 2000“.
Исто така беа презентирани неколку идеи за лого кое Коалицијата „Натура 2000“ ќе го користи, за кои присутните претставници на организациите гласаа.
По усвојувањето на називот и формата на здружување, беше усвоена следната порака на коалицијата, во формирањето на која сите присутни го дадоа својот придонес:
„Коалицијата Натура 2000 обединува организации и поединци кои делуваат на полето на заштита на животната средина и биолошката разновидност со цел да се обезбеди воспоставување на еколошката мрежа Натура 2000 во Република Македонија.
Коалицијата се залага за спроведување на правната регулатива и добрите практики за заштита на животната средина и биолошката разновидност при сите инфраструктурни или други загрозувачки активности во Република Македонија.
Со тоа коалицијата ќе придонесе кон воспоставување и заштита на Натура 2000 подрачја.“

 





назад