Расте семејството на ГМО слободни зони во Македонија

Датум: 06.04.2009

Локација: Валандово

Организатор: Еко-свест

 

Во неделата на 29 март 2009 во Валандово претставници на коалицијата „Македонија без ГМО“, чијa членka е Еко-свест, организираа јавен настан со штанд за производи кои не се генетски модифицирани.

Настанот беше посетен од голем број на граѓани и новинари од националните медиуми. Несомнено, граѓаните и претставниците на локалната самоуправа во Mакедонија стануваат се повеќе свесни за тоа што претставуваат генетски модифицираните организми и нивните потенцијални негативни ефекти по животната средина и човековото здравје.

На истиот настан НВО „Калинка“ од Валандово го промовираше декларирањето на Валандово како ГМО слободна зона. Со тоа Валандово стана шесттта ГМО слободна зона во Македонија по Велес, Охрид, Чашка, Могила и Вевчани.

 





назад