Еко-свест на работилница за Балканските реки

Датум: 23.11.2011.

Локација: Скопје

Организатор: ECA Watch,EuroNatur

 

На 23ти ноември во Скопје, Еко-свест учествуваше на работилница за Балканските реки, во организација на ECA Watch од Австрија и EuroNatur од Германија, во соработка со Македонско еколошко друштво. На работилницата експертите презентираа дека 50 проценти од Балканските реки се во одлилна состојба а 30 проценти се сеуште недопрени, прекрасни реки. Наспроти оваа состојба, на Запад, само 10 проценти од реките се сеуште природни а дури 50 проценти се регулирани, и „чисти, но без живот“. Имајќи ги на ум плановите за изградба на хидроелектрани во најзачуваните делови од Македонија, како на пример, Националниот парк Маврово, кои неминовно ќе направат огромна штета врз биодиверзитетот и квалитетот и количеството на водата во реките, присутните организации дискутираа за следните чекори во обелоденување и интернационализирање на овие проблеми.

 





назад