Креативна работилница за изработка на накит од е-отпад

Датум: 24.11.2011.

Локација: Скопје

Организатор: Метаморфозис

 

Во рамките на седмата меѓународна конференција е-Општество, на 24.11.2011 година беше одржана креативна работилница за изработка на накит и украсни предмети од електронски отпад. На работилницата, како носители на идејата за креативна реупотреба на електронскиот отпад, во улога на модератори беа Драгана Угуровска и Невена Смилевска од Еко-свест, а организатор на конференцијата беше Фондацијата Метаморфозис. Учесници на работилницата беа посетителите на конференцијата и претставници на граѓански организации од повеќе градови од Македонија. На работилницата беа изработени голем број парчиња накит и украсни предмети кои ќе се продаваат на електронска аукција преку фејсбук страницата на Еко-свест. За повеќе информации за аукцијата, следете ја фејсбук страницата на Еко-свест

 





назад