Еко-свест во Лондон на состаноци со ЕБОР

Датум: 01.12.2011.

Локација: Лондон

Организатор: ЕБОР

 

На 1 и 2 декември во Лондон, во канцелариите на Европска банка за обнова и развој се одржаа серија состаноци помеѓу директорите од Банката и граѓанските организации. Од членките на Bankwatch присуствуваше Еко-свест.
На средбата со директорите беше презентирана состојбата со присутноста на рисот го националниот парк „Маврово“ и беше побарана одговорност од банката доколку се наштети на оваа чувствителна популација со спроведувањето на проектот ХЕ Бошков Мост.
На индивидуалните средби со директорите беа дискутирани идните чекори- биомониторингот од 12 месеци и присуството на претставник на граѓанските организации во тимот кој ќе го спроведува биомониторингот. Директорите беа согласни биомониторингот да се одвива пред секоја друга активност, дури и подготвителните активности кои ЕЛЕМ планира  да ги започне  по почетокот на 2012.

 





назад