Аукција на електронски накит на Facebook страната на Еко-свест

Датум: 21.12.2011.

Локација: Facebook страна на Еко-свест

Организатор: Еко-свест

 

 

Време: среда, 21.12.2011 година од 09:00 до 17:00 часот
Место: Facebook страница на Еко-свест
Настан: Аукција на е-накит


Аукцијата на накит изработен од електронски отпад ќе се одржи во среда, 21 декември 2011 година на Facebook страницата на Еко-свест.
Поединечни фотографии од секое од парчињата накит веќе се објавени во одделен албум на Facebook страницата на Еко-свест.


Накитот е изработен од електронски отпад на неколку креативни работилници кои Еко-свест ги одржа со поддршка на Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад https://www.facebook.com/bewman.


Во насловот на секоја од фотографиите е наведена почетната цена за секое парче накит.


Наддавањето ќе започне на 21.12.2011 година во 09 часот и ќе заврши на 21.12.2011 година во 17 часот.

Наддавањето ќе се врши по пат на додавање на коментар со понудена цена под секоја слика.

Коментарите кои не се наменети за учество во аукцијата Ве молиме да ги упатувате на главната страна на албумот или на ѕидот на Еко-свест.

Сите коментари кои нема да се содржат понудена цена за наддавање ќе бидат избришани од страна на модераторите на страницата на Еко-свест од практични причини.

Сите прашања во врска со аукцијата, можете да ги поставите на info@ekosvest.com.mk

Понудувачите кои во 17 часот на 21 декември 2011 година  ќе ја имаат понудено највисоката цена за секое поединечно парче ќе бидат прогласени за купувачи на парчињата.


Купувачите ќе можат да го подигнат својот накит во просториите на Еко-свест секој работен ден од 10-16 часот во периодот од 22.12.2011 година до 29.12.2011 година кога и ќе треба да го уплатат износот кој го понудиле.

Собраните средства ќе бидат употребени за организирање на работилница на која повторно ќе се изработуваат украсни предмети и накит од електронски отпад.

 





назад