Работилница за граѓански организации за ИПА

Датум: 22.12.2011.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ со задоволство Ве поканува да земете учество на

Работилницата за граѓански организации за
Инструментот за пред-пристапна помош (IPA) во Македонија
со наслов:
„Приоритети во следниот период на програмирање и препораки од граѓанските организации за идната реализација на Инструментот за пред-пристапна помош (IPA) во Македонија“

која ќе се одржи во
Скопје, на 22 декември 2011 година,
во Центарот за конференции и студии при Британскиот совет (во рамки на Универзитетска библиотека)

 

Целта на оваа работилница е граѓанските организации да го разберат Инструментот за пред-пристапна помош (IPA, во иднина ќе се нарекува Инструмент за соседните земји) и да им помогне да дефинираат приоритетни области кои би требало да бидат поддржани во следниот програмски период. Главните приоритети кои ќе се дефинираат, како и препораките од граѓанските организации ќе се сумираат во писмен документ кој ќе биде понатаму испратен до Владата на РМ и Европската комисија.

На работилницата граѓанските организации ќе имаат можност да дискутираат за она што тие сметаат дека е приоритет за финансирање од страна на овој Инструмент во една од предложените теми:

  • Учество на јавноста и транспарентност
  • Енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори
  • Транспорт
  • Ефикасност на ресурсите (отпад, вода, биодиверзитет и сл).

 

Заинтересираните организации можат да пријават свој претставник преку испраќање на е-маил со име и презиме и контакт детали на ana@ekosvest.com.mk најдоцна до 20 декември (вторник). За повеќе информации обратете се на Ана Чоловиќ Лешоска на 02 3217 247 или на погоре наведениот е-маил.

 



Превземи материјали од работилницата

назад