Прогласена уште една ГМО слободна зона

Датум: 12.02.2009

Локација: Вевчани

Организатор: Еко-свест

 

Еко-свест преку проектот „ГМО слободна Македонија“ продолжува со промовирање на ГМО слободни зони и подигнување на јавната свест за потенцијалните негативни последици од употребата на ГМО. Како резултат на тоа, со голема поддршка од Крсте Јон од Струга, на 12.02.2009 гoдина Општина Вевчани потпиша документ за декларирање на општината како ГМО слободна зона. Со тоа семејството на ГМО слободни зони во Македонија се зголемува и не доведува поблиску до целта, а тоа е позелена и почиста Македонија и повеќе почва погодна за одгледување на здрава и органска храна!

 





назад