Состанок со експерт на механизмот за поплаки и жалби при ЕБОР

Датум: 08.02.2012.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 

На 08.02.2012 година, претставници од Еко-свест, Македонско еколошко друштво и Фронт 21/42 се состанаа со експертот на ЕБОР г-дин Клеверли. Предмет на дискусија беше жалбата поднесена од страна на Еко-свест за несоодветното почитувањена процедурите од страна на Европската банка за обнова и развој во реализацијата на проектот ХЕ „Бошков Мост“. Се очекува во скоро време ЕБОР да подготви извештај во кој ќе утврди дали поднесената жалба е релевантна и да предложи понатамошна оценка на постапките и процедурите кои банката ги практикувала при реализацијата на овој проект.

 





назад