Презентација на публикацијата „Интегрирано спречување и контрола на индустриското загадување: од теорија во пракса“

Датум: 28.06.2012.

Локација: Скопје, ЕУ Инфо Центар

Организатор: Фронт 21/42

 


На 28 јуни (четврток) во ЕУ Инфо центарот со почеток во 11:00 часот, Фронт 21/42 ќе ја презентира публикацијата „Интегрирано спречување и контрола на индустриското загадување: од теорија во пракса“.

Овој документ е резултат на неколку месечно истражување за спроведувањето на одредбите за интегрирано спречување и контрола на индустриското загадување од Законот за животна средина, кое го спроведе Фронт 21/42 во соработка со Марија Јанковска (Македонски зелен центар) и Александра Вучиниќ (независен експерт за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Србија). Истражувањето претставува придонес на нашите колеги во ревизијата на сите издадени А-еколошки дозволи која ја најави Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сиот овој труд беше овозможен со финансиска помош од Словачката агенција за меѓународен развој и соработка и е поддржан од фондацијата Понтис и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Промоцијата на публикацијата ќе се состои од презентација на главните заклучоци од истражувањето (Бојан Богевски, главен истражувач, Фронт 21/42) и презентација на препораки за подобро спроведување и извршување на Директивата за интегрирано спречување и контрола на индустриското загадување во Македонија (Александра Бујароска, еколошки правник, Фронт 21/42). По овие презентации, ќе следува отворена дискусија.

 



повеќе

назад