Работилница Екосфера- Еколошка платформа

Датум: 4.04.2013.

Локација: НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје

Организатор: Еко-свест

 

Со задоволство Ве информираме дека со помош на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) Еко-свест и Биосфера ќе го реализираат проектот„Екосфера- еколошка платформа“.

Проектот има генерална цел да ги подобри и развие капацитетите на еколошките здруженија за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво. Со проектот ќе се воспостави единствена електронска платформа за еколошките организации преку која тие ќе разменуваат информации и известуваат, комуницираат со релевантните институции и меѓу себе и ќе воспоставуваат партнерства и соработка.

Како идни корисници на оваа платформа, еколошките организации ќе можат да дадат конкретни предлози и сугестии за електронската платформа. Консултативната работилница со претставници на еколошките организации ќе се одржи на 4 април (четврток) 2013 година, со почеток во 10:00 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.

 

Партнер на проектот и иницијативата е Биосфера Битола.



назад