И Могила се прогласи ГМО слободна зона

Датум: 01.12.2008

Локација: Могила

Организатор: Еко-свест

 

Во петокот на ден 28.11.2008 на својата редовна седница веднаш по презентацијата од страна на Еко-свест за ГМО слободните зони, Советот на Општина Могила ја прогласи општината за слободна зона од генетски модифицирани организми. Декларацијата „НЕ за генетски инженеринг во нашите полиња“ подготвена од Еко-свест беше едногласно изгласана од Советот. Со тоа Општина Могила се приклучи на трите досегашни општини во Македонија, Велес, Охрид и Чашка, кои веќе се декларираа како ГМО слободни.

Еко-свест финансиски поддржан од Terre Hummaine, Grassroots Foundation и Global Green Grants Fund со години работи на полето на генетски модифицираните организми, обидувајќи се преку проекти и кампањи од една страна да ја подигне јавната свест за потенцијалните ризици од ГМО по животната средина и човековото здравје.

Од друга страна активностите на Еко-свест се насочени и кон хармонизирање на законот за генетски модифицирани организми во Македонија со законот на ЕУ преку усвојување на дополнителни регулативи (подзаконски акти) со кои ќе може да се применуваат одредбите на законот. Една од главните активности на Еко-свест на ова поле е промовирање на идејата за декларирање на зони слободни од ГМО во Македонија и едукација на земјоделците на оваа тема.

 





назад