Протест за зачувување на НП „Маврово“

Датум: 15.02.2014.

Локација: Скопје, пред Стоковна куќа „Мост“

Организатор: Здружение на Дебарчаните во Скопје

 

Националниот парк „Маврово“ во Македонија – признаен од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) – е еден од најстарите национални паркови во Европа.

Националниот парк Маврово на меѓународно ниво е означен како значајно растително подрачје, значајно подрачје за птици, подрачје од клучно значење за биодиверзитетот како и Емералд подрачје. Содржи тринаесет загрозени живеалишта и бројни ендемски и/или загрозени видови наведени во анексите на Бернската конвенција. Маврово е дом на единствената останата популација на балканскиот рис (Lynx lynx ssp. Balcanicus) и на една од последните преостанати недопрени букови шуми на Балканот.

Сепак, Националниот парк Маврово е загрозен од страна на два големи хидроенергетск и проекти: „Бошков Мост“ и „Луково Поле“. Овие проекти не само што се закана за живеалиштата на голем број загрозени видови, туку и, ја поткопуваат самата идеја за национални паркови во целина. Ова испраќа катастрофална порака до меѓународната заедница во однос на значењето кое Република Македонија им ја придава на националните паркови. Исто така, овие проекти се во спротивност со правото на ЕУ, меѓу другото со директивите за живеалишта и птици кои се правен основ за воспоставување на мрежата Натура 2000 и Рамковната директива за води.

Со цел заштита на „Маврово“ Ве покануваме на мирен протест кој ќе се одржи сабота (15.02.2014) во 12:00 часот пред плато на стоковна куќа „Мост“ во Скопје.

ЗАЕДНО ДА ГО ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „МАВРОВО“

 

Партнери: Фронт 21/42 и МЕД



назад