Соработка со медиумите и во 2009 година

Датум: 05.01.2009

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 

На 05.01.2009 во утринската програма „ ано ден“ на А1 телевизија гостуваше Благица адеска од Еко-свест. Темата на емисијата беше Генетски модифицирани организми и храна. Во текот на гостувањето се збореше што претставуваат ГМО и ГМ храна, колку е распространета во светот, дали и колку ја има кај нас, каква е законската регулатива во Македонија и што Еко-свест работи на ова поле. Во текот на разговорот беа пуштени и два прилози-интервјуа со Проф. Жил-Ерик Сералини и проф. Сашо Панов. Проф. Сералини е истакнат професор по биохемија во молекуларната лабораторија на Универзитетот во Каен, претседател на Научниот совет при комитетот за независно истражување и информирање за генетскиот инженеринг , автор на книгата „Генетски модифицирани организми кои го менуваат светот“ и еден од најгласните борци против генетски модифицираната храна. Интервјуата на професорите беа земени во текот на дебата која се одржа на 20 ноември 2008 на Медицинскиот факултет во Скопје со наслов „Генетски изменетите организми, предности и опасности по здравјето на човекот“.

Со ова гостување продолжува и се интензивира соработката на Еко-свест со медиумите како и активностите на полето на генетски модифицираните организми и генетски модифицирана храна, подигнување на јавната свест, промоција на зони слободни од ГМО и промоција на органското земјоделие како решение за негативното влијание на ГМ културите врз животната средина.

 





назад