Јавна расправа за Стратегијата на енергетика на Република Македонија

Датум: 02.02.2015.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 

На 02.02.2015 год. во Клубот на новинари- Скопје, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест’’ организираше јавна дебата во врска со Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија која е во процес на ревизија.

На јавната дебата се дискутираше за работата и развојот на енергетските капацитети во Македонија, како и за влијанијата врз климатските промени како резултат на нивното дејствување.

Целта на оваа јавна дебата беше да се даде придонес во процесот на донесување на ревидираната Стратегија за енергетика на Република Македонија како засегнати страни, преку креирање на клучни препораки за гореспоменатиот документ . Добиените препораки, сублимирано ќе ги изложиме во јавноста и ќе служат како база за дискусија на официјалната јавна расправа за документот која ќе биде организирана од страна на Министерството за економија.

 

Партнер: Фронт 21/42

повеќе

назад