Дебатно кино и проекција на филмот Обреновац

Датум: 15.07.2015.

Локација: Клуб на новинари Скопје

Организатор: Еко-свест

 

ПОКАНА

за учество на дебатно кино
ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ “OБРЕНОВАЦ”

15 јули 2015 во 20:00 часот,
Клуб на новинари ,Скопје

Почитувани,

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест’’ ја има честа да Ве покани на проекција на филмот “Обреновац” во кој се прикажани негативните ефекти врз здравјето на локалното население и околината кои ги предизвикува работата на термоелектраната на јаглен “Никола Тесла”.

На дискусијата која што ќе следува почесни наши гости ќе бидат:
1) Иван Трпески, независен експерт по енергетика
2) Беса Татеши, Одделение за ИСКЗ, Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија
3) Александра Бујароска, еколошки правник - Фронт 21/42

Би ни претставувало особена чест и задоволство доколку бидете дел од ова дебатно кино.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство кај Јасмина Саид, проектен асистент, најдоцна до среда, 15 јули 2015 до 14.00 часот на е-маил адресата jasmina@ekosvest.com.mk или телефонски на 02/ 3217 247.

Го очекуваме Вашето присуство.

 



повеќе

назад