Филмски фестивал по повод Денот на Планетата Земја

Датум: 21.04.2007

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 



„Еко-свест“ на 20 и 21.04.2007 (петок и сабота) во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Британски совет-Скопје, со почеток во 18 часот организираше Филмски фестивал на краткометражни филмови по повод денот на Планетата Земја, 22 април.

Првиот ден (20 април 2007) од филмскиот фестивал беа прикажани првата група филмови кои имаа за цел јавноста на Македонија да ги запознае меѓународните финансиски иституции и активностите на граѓанскиот сектор против деструктивните проекти на овие институции.
Присутните имаа можност да ги погледнат филмовите Факти и Фикција, Црните солзи на Сахалин и Извор (Здрои).

Вториот ден (21 април 2007) од филмскот фестивал беа прикажани филмови со тема негативни влијанија врз животната средина од користењето генетски модифицирани организми (ГМО) и борбата на граѓанското општество против употребата на ГМО.
Филмовите кои беа прикажани се: Зрна на вистината, Граѓанското општество против ГМО и Органски истражувања во Кенија.

Пред почетокот на прикажувањето на втората група филмови присутните ја поддржаа нашата иницијатива, Кажи НЕ на ГМО, со потпишување на петиција за остварување на нивното право да знаат каква храна јадат.

На филмскиот фестивал беа присутни 60 граѓани кои имаа можност да земат учество во отворената дискусија на двете теми на крајот од прикажаните филмови.
Благодарност до сите инволвирани, кои допринесоа да се реализира еден ваков настан.

 





назад