Годишна конференција на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации

Датум: 7.09.2016.

Локација: Скопје

Организатор: МЦЕО

 

Драги претставници на граѓанските организации,

Во името на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Еко-Свест, Реактор и Зенит, со задоволство Ве покануваме да се пријавите за учество на Конференцијата на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, која ќе се одржи на 15 и 16 септември, 2016 година, во хотел Холидеј Ин, Скопје.

На воведната сесија ќе се обратат претставник на Делегацијата на Европската унија, претставник на Владата на Република Македонија, Бојан Маричиќ, Извршен директор на МЦЕО, и Ана Чоловиќ Лешоска, Извршен директор на Еко-свест. По воведната сесија, ќе следат пет. Исто така, ќе бидат избрани секторски претставници.

Вториот ден (16.09.2016) ќе биде поделен на пет сесии, во кои ќе учествуваат претставници на Секретаријатот на ИПА механизмот, избраните секторски претставници, грантистите на првиот повик и поканети граѓански организации заинтересирани за учество.

Во текот на Конференцијата, ќе се применува секторскиот приод на соработка во секој од секторите на ИПА 2: (1) Демократија и владеење, (2) Владеење на правото и темелни права, (3) Животна средина (4) Транспорт/Енергија, (5) Конкурентност и иновации, (6) Социјален развој, (7) Земјоделство и рурален развој, а ќе се конституира и нов сектор (8) Регионална и територијална соработка.

Секој претставник на организација заинтересиран да учествува на овој настан ќе треба да ја пополни пријавата дадена на следниот линк:
Пријава
и најдоцна до 14.09.2016 година во 16:00 часот да ја испрати електронски на ipa2@mcet.org.mk. Во насловот на пораката треба да биде наведено името на секторот во чија работа ќе учествува претставникот.

Препорачано е секоја организација да може да пријави по еден учесник. Сепак, доколку постои посебна причина зошто треба да бидат избрани двајца учесници (на пример учество во работата во повеќе од еден сектор), може да се пријават двајца учесници. Организаторите го задржуваат правото да направат селекција на учесниците согласно добиените пријави и капацитетот на просториите.

Доколку пријавените учесници не се на раководна функција во организацијата, истите ќе треба да имаат обезбеден мандат за да гласаат за предложените кандидати при постапката на избор. Истите ќе мора да достават оригинално писмо за назначениот мандат од име на организацијата на самиот настан.

За учесниците кои ќе добијат потврда дека се избрани да учествуваат, a кои доаѓаат надвор од Скопје, предвидено е покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Деталната програма за првиот ден е достапна на следниот линк.
Деталната програма за вториот ден е достапна на следниот линк.

Оваа конференција се спроведува во рамки на проектот „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации„ финансиран од Европската унија, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA CSF Civil Society and Media Programme 2014) повик EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK.

 



повеќе

назад