Конференција за медиуми по повод започнување на City Tree

Датум: 13.09.2016.

Локација: Скопје

Организатор: Еко-свест

 

Почитувани,

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје во соработка со Германската Амбасада, Град Скопје и македонски и странски компании – донатори обезбеди инсталација на City Tree – иновативниот и патентиран зелен билборд кој го прочистува воздухот во Скопје и Тетово.

По повод започнувањето на проектот би сакале да Ве поканиме на Конференција за медиуми која ќе се одржи на 14 Септември 2016 година во Хотелот Мериот во Скопје со почеток во 11:30 часот.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат Амбасадорката на Германија НЕ Кристине Д. Алтхаузер, Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест и претставник од Град Скопје.

Главна цел на овој заеднички проект е да се подигне свеста кај граѓаните, експертите, надлежните институции и бизнисите за потребата да се делува на поле на квалитетот на воздухот, за придобивките од иновативниот проект City Tree и воопшто за квалитетот на воздухот во Република Македонија.

Со почит,
Еко-свест

 



повеќе

назад