Транспорт



Македонија слепо ги следи старите западни модели на превоз зависен од автомобили, додека европските земји се стремат кон поодржливи начини на транспорт како железници, градски јавен транспорт, велосипеди и пешачење. Европските фодови и јавните банки како Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка ги промовираат контроверзниот преод кон превоз со патнички возила и имаат доделено грантови и заеми за изградба на автопатишта.

Изградбата на автопатишта долж европските сообраќајни коридори, поддржана од јавни пари ги нарушуваат највредните локации со богат биодиверзитет во регионот и претставуваат социјална закана. Во Македонија автопатот кој го обиколува главниот град сериозно ги нарушува населбите. Многу големи инвестиции се насочени кон транзитните патишта додека се намалуваат средствата за одржување на регионалните и локалните сообраќајни мрежи.

Македонија има огромна природна вредност која треба да ја сочуваме и доколку постои политичка волја, земјата може да ги следи најновите сообраќајни трендови. Еко-свест работи за да обезбеди дека европските милијарди евра за регионален развој ќе се употребат за моделите за јавен собраќај и други одржливи мерки.