Европска Унија

Инструментот за претпристапна помош (во понатамошниот текст скратено ИПА од англиски Instrument for Pre-Accession- IPA) е клучниот инструмент на Европската комисија согласно Стратегијата за претпристапна помош 2007-2013 година. Целта на ИПА е да ги поддржи државите во нивниот премин од потенцијални кон земји кандидатки и понатаму до членство во Европската унија. ИПА ќе им помогне на овие земји да ги исполнат критериумите за пристапување (исполнување на политичките, економските и критериумите за членство во врска со европското законодавство, градење на нивните административни и судски капацитети) и да се подготват за програмирање, управување и имплементација на ЕУ кохезионите, структурни и фондови за рурален развој по пристапувањето.

Во Македонија е во тек реализацијата на програмата на ИПА започната во 2007 година. Следниот програмски период 2014-2020 носи промени и пофлексибилно користење на фондовите. Она што е од огромно значење во процесот на програмирање на фондовите за следниот програмски период е Владата на Република Македонија навистина да ги прифати граѓанските организации како партнери во програмирањето и да овозможи ефикасен и вистински процес на вклучување на организациите и јавноста. Еко-свест и партнерските организации во текот на 2012-2013 година ќе работат на ефективното вклучување на граѓанскиот сектор во програмирањето, оформувањето на ставови и предлози за финансирање од страна на Европските фондови и креирање на одржливи програми за развој и заштитата на животната средина во Македонија.