Заштита на животна средина

Еко-свест од своето формирање работи на постигнување на чиста и здрава животна средина за сите.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Според нашиот стратешки план до 2020 година, Еко-свест ќе делува за заштита на животната средина и човековото здравје од негативните влијанија на индустријата и инфраструктурните проекти преку следење и промоција на алтернативи и одржливи концепти за развој.