Тешки метали

Жива- тежок метал со токсично дејство


Извори на жива


Живата е природен метал кој го има секаде околку нас и се наоѓа во различни форми. Таа е многу силен отров и е најсилниот токсин кој природно се јавува на земјата. Потоксична е од оловото, арсенот и кадмиумот.


Постојат три форми на жива, елементарна, неорганска и органска жива (етил и метил жива). Луѓето се изложени на сите видови на жива на различни начини: преку  медицински апарати како термометри и апарати за мерење крвен притисок, лабораториски хемикалии, фармацевтски и стоматолошки производи, различни мерачи на температура и влажност (барометри, хигрометри), како и од човечки активности (процеси на согорување на јаглен, согорување или депонирање на производи кои содржат жива како на пример батерии), како и од природни извори.
При ослободување на живата во животната средина, од било кој извор, таа е многу подвижна, кружи низ атмосферата и потоа завршува во почвата и водите. Микроорганизмите потоа ја претвораат елементарната жива до компоненти кои водните растенија и животни (вклучувајќи ги и рибите кои ги јадеме) ги внесуваат или абсорбираат.
Јадење на загадена риба претставува голем извор на метил-жива. Како најосетливи на ова соединение се фетусите, бебињата како и малите деца. Според тоа, конзумирањето на риба од страна на бремени жени и мали деца може да биде загрижувачко поради веројатноста на голема изложеност на метил жива. Метил живата, органско соединение, е најтоксичната форма на жива на која луѓето се најчесто изложени.
Исто така, метил живата се смета и за канцерогена.
Научно е докажано дека високотоксичната елементарна жива се ослободува од амалгамските пломби во вид на пареи и со текот на времето се акумулира во човековото тело.


Токсичниот ефект на живата


Човековото тело нема потреба од жива и затоа не постои безбедно ниво на жива во организмот. Дури и еден атом од овој метал ќе предизвика некоја штета врз организмот.
Високите количини на жива можат да бидат фатални за луѓето, но дури и релативно мали количини на компоненти кои содржат жива можат да имаат штетни  влијанија врз развојот на мозокот, а  исто така да имаат и  можни штетни ефекти врз кардиоваскуларниот, имуниот и репродуктивниот систем. Посебно е штетно долготрајната изложеност на ниски конентрации од овој тежок метал.
Живата и соединенијата на жива влијаат врз нервниот систем, бубрезите и црниот дроб и може да влијаат негативно на  имуните процеси; предизвикуваат тремори,  намален вид и слух, парализа, несоница и емоционална нестабилност. Компонентите на жива поминуваат низ плацентата и можат да предизвикаат оштетување на мозокот за време на феталниот развој.


Како да се заштитиме од живата?


Избегнувајте места каде што што има можност за директен контакт со било која форма на жива.
Информирајте се и читајте за количините на жива во морските плодови и риби, проверете кои видови на риба и морски плодови имаат високи количини на жива и истите избегнувајте ги.
Купувајте и употребувајте  термометри  и  мерила за крвен притисок кои не содржат жива, и отстранете ги соодветно оние кои содржат жива.
Заменете ги амалгамските пломби, и консултирајте се со Вашиот стоматолог за  алтернативи без жива.