19.04.2011 - Повик за учество на семинар за Натура 2000

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ го објавува следниот

ПОВИК

ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНА


Со процесот на пристапување кон Европската унија, Македонија е обврзна да воспостави мрежа на „Натура 2000“ подрачја. Според Европското законодавство, воспоставувањето на оваа мрежа е една од клучните точки во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Здруженијата кои работат на полето на заштитата на животната средина се клучни во процесот на воспоставување и управување со идните Натура 2000 подрачја во Македонија. Тие, како претставници на граѓаните можат да направат многу за зголемување на териториите заштитени со закон и со тоа да придонесат кон заштита на биодиверзитетот и културните богатства на епублика Македонија.

Еко-свест, во рамките на проектот „Заедно за Натура 2000“ планира спроведување на два (2) семинари за здруженијата кои работат на полето на заштита на животната средина. Првиот семинар е посветен на Натура 2000 во целост, а вториот е посветен на градење коалиции, партнерства и заедничко работење на граѓанските здруженија.

Еко-свест ги повикува заинтересираните здруженија активни на полето на заштитата на животната средина да пријават свој претставник за првиот семинар за Натура 2000. Деталите за семинарот и формуларот за пријавување ќе ги најдете во прилог.

Краен рок за пријавување е 26 април (вторник) 2011 година.

Информација за семинарот за Натура 2000 за здруженија активни на полето на заштита на животната средина

Датум: 06 – 08 Мај, 2011
Место: Струга
Краен рок за пријавување: 26ти Април 2011
Јазик: аботен јазик на обуката ќе биде англиски, со превод на македонски

Финансиски информации: Проектот Заедно за Натура 2000 на Еко-свест ќе ги покрие сите трошоци за обуката кои вклучуваат сместување, оброци, просторија каде ќе се спроведува обуката, освежителни пијалаци, материјали за обуката, патни трошоци (во износ на цена на повратен автобуски билет).

Целна група: Учесници на обуката ќе бидат претставници на граѓански организации (ГО) кои работат на следниве полиња: заштита на природата, заштита на животната средина, истражувања во рамките на животната средина, подигнување на свест за животната средина, заштитени подрачја.

Цели: Целите на предложената обука се:
• Учесниците да се информираат за Натура 2000 и да можат да се вклучат во процесот на донесување на одлуки кои имаат поврзаност со Натура 2000
• да го пренесуваат преку својата работа знаењето кое го стекнале на семинарот и да ги пренесуваат во својата средина информациите за важноста на Натура 2000 процесот

езултати: на крајот на обуката, учесниците ќе знаат:
- Што е Натура 2000
- Зошто е важна за Македонија
- Каква е состојбата со Натура 2000 во моментов
- Што можат здруженијата да направат во врска со Натура 2000
- Какви искуства имаат другите земји во спроведувањето на Натура 2000 процесот

Пополнетиот формулар да се испрати на е-пошта info@ekosvest.com.mk со назнака П ИЈАВА за семинар најдоцна до 26 април 2011 година.

Еко-свест