08.11.2011. - Еко-свест поднесе жалба до Механизмот за поплаки при ЕБОР

На 7 ноември, пред гласањето на Одборот на Директори на Европската банка за обнова и развој по проектот ХЕ „Бошков Мост“, Еко-свест поднесе жалба до Механизмот за поплаки при банката. Жалбата образложува дека проектот не е во согласност со политиките за животна средина на Банката и дека е невозможно Банката да се раководи според своите зацртани правила и воедно да го финансира овој проект.

Главниот проблем кој се потцртува во жалбата е дека регионот кој се планира да биде наменет за хидроелектраната и акумулацијата се користи од популацијата на рисови. Бидејќи рисот е географски ограничен на оваа територија, а живее на падините на планината Бистра (што се совпаѓа со проектната област), овој регион се категоризира како „критичен“ за опстанокот на овој вид. Според ЕБОР, инфраструктурни зафати не смее да се одвиваат во вакви „критични“ области.

Еко-свест