19.06.2017. - Повик за учество во фото конкурс: Природата Е Секси

Како дел од своите активности ова лето, а со цел визуелно да ја покажеме убавината и вредноста на природата во нашата земја, како и да потикнеме дискусија дека природата вреди да се зачува, Еко- свест објавува фото конкурс на тема Природата Е Секси.

Што треба да направите?

Ни требаат фотографии кои ќе покажат дека нашата природа е убава, забавна и уникатна. Креативни фотографии кои од единствениот биодиверзитет и видови во земјата ќе направат приказна.

Фотографиите треба да ги објавите на Instagram, Facebook или Twitter со #ПриродатаЕСекси #NatureIsSexy и да ни ги испратите на elena@ekosvest.com.mk најдоцна до 10 јули 2017.

Од пристигнатите фотографии 10 ќе наградиме со пакетчиња од Еко-свест, а сите фотографии ќе бидат изложени на „Природата Е Секси“- неделата на еко-активности во хотел Метропол, Охрид во организација на Еко-свест кој ќе се одржи на крајот на Јули.

Правила за учество

1. Право на учество имаат сите заинтересирани

2. Не е дозволена дигитална манипулација на фотографиите

3. Сите пријавени фотографии е задолжително да бидат авторски и со нивното испраќање се согласувате Еко-свест да ги користи за секакви потреби (публикации, промотивни/инфо материјали) со јасно наведено име и презиме на авторот.

4. Не се прифаќаат фотографии преземени од интернет или стекнати со прекршување на нечие право на интелектуална сопственост. Сите кои ќе пријават ваков тип на фотографии ќе бидат автоматски дисквалификувани.

5. Фотографиите се објавуваат на Instagram, Facebook или Twitter со користење на (хаштаг) #ПриродатаЕСекси #NatureIsSexy и на elena@ekosvest.com.mk (испраќање на фотографиите на посочената маил адреса е задолжително).

6. Фото конкурсот трае од 19 јуни 2017 до 10 јули 2017 во 24:00 (полноќ).

7. Секој има право да учествува со неограничен број фотографии.

Еко-свест

Повеќе