22.11.2017. - Повик за волонтери

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во рамки на својата програма за волонтирање и практиканство, распишува повик за 4 (четири) волонтери за краткорочен ангажман. Волонтерите ќе бидат вклучени во проектнитe активности на Еко-свест.

Избраните волонтери ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо поврзано со работата на Еко-свест на адресата: stojan@ekosvest.com.mk најдоцна до 7 декември 2017 год.

Само предселектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на интервју најдоцна до 15 декември 2017 год.

Еко-свест