8.03.2012. - Фатен уште еден балкански рис: Мавровецот Марко доби кичевски колега!

Рисот Марко доби колега! Членовите на Македонското еколошко друштво по 2 годишна пауза, во понеделникот на планината Стогово во кичевско успеаја да фатат уште една единка од балканскиот рис. Стар е од 2 до 3 години, има 17 килограми, долг е 98 сантиметри и независно дали му се допаѓа, од пред 3 дена се вика Ристе.

повеќе