26.01.2011 - Покана за прес- кафе за успешното завршување на проектот „Подигање на јавната свест за жива“

Покана за прес- кафе за успешното завршување на проектот „Подигање на јавнаta свест за жива“

По повод успешно завршување на активностите од проектот „Подигање на јавна свест за жива“ Еко-свест со задоволство ги поканува медиумите да присуствуваат на прес-кафе. Прес- кафето ќе се одржи на 27.01.2011 година, четврток, со почеток во 11 часот, во кафе- барот “Театро”.

Во рамки на овој проект Еко-свест направи тестирање на примероци од коса, за присуство на жива, како и подготовка на информативни брошури со информации за токсичниот метал жива и извештај со резултати од целокупното тестирање.

Овие резултати заедно со сите останати материјали ќе можете од наредната недела да ги најдете и на постоечката веб страница www.toxic.mk На прес-кафето ќе можете да ги слушнете резултатите од тестирањето како и информации за текот на истражувањето и проектот.

Ве очекуваме на утринско кафе и пријатен разговор!

Со почит,
Драгана Угуровска,
Проектен координатор
Еко-свест

Еко-свест