1.06.2012. - Посета на Чешки НВО експерти во Македонија

Во периодот од 31.05-3.06.2012 година во Македонија пристигнаа двајца Чешки експерти од НВО секторот да им помогнат на македонските граѓански организации во работата околу планираните хидроелектрани во НП Маврово.

На 31.05. 2012 година беше закажана посета на Националниот Парк Маврово, на местата каде се планирани Бошков Мост и Луково Поле. За жал, директорот на НП Маврово Онер Јакупоски одлучи да не ја пушти нашата мала група од граѓанскиот сектор да го посети локалитетот Луково поле. Посетата ја реализиравме во селото Тресонче, во близина на местото каде се планира ХЕ Бошков Мост. Се уверивме во тоа, дека каков било мониторинг за утврдување на присуството на флора и фауна околу идната акумулација Бошков мост нема да вроди со плод, бидејчи во моментов интензивно се работи на изградбата на малата хидроелектрана на Тресонечка река. Од локалното население разбравме дека имало детонации, а машинеријата која е присутна неминовно предизвикува нарушувања кај живиот свет. Во Тресонечка река најверојатно се таложат седименти од изградбата која е во тек.

Еве што колегите од Чешка напишаа за нивната посета. Hydro power plants endanger the Balkan lynx in Macedonia

CEE Bankwatch Network

повеќе