29.08.2011. - Дневно 150 скопјани го заменуваат автомобилскиот волан со велосипед

Проектот "Скопје изнајми велосипед" на ЈП "Градски паркинг Скопје", кој својот старт го одбележа со отворените три пунктови, со примамливата цена од 10 денари на час за само една година успеа да ги натера скопјани воланите да ги заменат со велосипеди. За големата заинтересираност на граѓаните кои бегајќи од сообраќајната гужва и скапиот такси-превоз се одлучуваат да седнат на велосипедското столче, говори и новиот пункт за изнајмување велосипеди, кој ќе се отвори на први септември, а ќе се наоѓа во близина на стоковната куќа Илинден". И на овој пункт условите за користење на услугата се исти како и кај останатите три; на паркингот Треска", на плоштадот Македонија и во Аеродром кај трговскиот центар Бисер".
- За неколку дена ќе отвориме пункт и кај стоковната куќа Илинден" и тој е само најава за другите пунктови кои ни се во план да ги отвориме. Планираме да отвориме на најфреквентните места како што е Транспортниот центар. Што се однесува до другите општини ќе се изнајмуваат велосипеди и во Чаир како и во Ѓорче Петров, велат од одделението за јавност на ЈП Градски паркинг" при тоа додавајќи дека отворањето на нови пунктови се темели врз интересот на граѓаните.

Вечер

за целата вест погледајте на следниов линк