11.12.2012. - Соопштение за медиуми ЕКОСФЕРА- ЕКОЛОШКА ПЛАТФОРМА

Во периодот од 1.1.2013 до 30.06.2014 година Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје во партнерство со Здружението на граѓани „Биосфера“ од Битола ќе го реализираат проектот „Екосфера- еколошка платформа“.

Вкупниот буџет на проектот е 50 543,71 американски долари од кои 25 000 американски долари се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се учество на Еко-свест, Биосфера и приватни компании од Македонија.

Проектот има генерална цел да ги подобри и развие капацитетите на еколошките здруженија за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво.

Конкретната цел на проектот е да се создаде електронска платформа за потребите на еколошките здруженија во Македонија.

Проектот ќе биде спроведен во 3 фази, а главни активности кои ќе бидат реализирани се:
• Организирање и спроведување на консултативна работилница за здруженијата за платформата ekosfera.mk
• Дизајн, развој на структурата на веб порталот и постирање на основната верзија на ekosfera.mk на интернет
• Спроведување на анализа и подготовка на база на организации (вклучувајќи ја и базата на ГЕФ грантисти), медиуми и експерти
• Спроведување на анализа и креирање база на релевантни документи за здруженија
• Креирање на форум и поставување на основни теми
• Креирање на модул за електронски петиции
• Креирање на мобилна апликација
• Изработка на долгорочна стратегија за користење социјални медиуми/мрежи
• Организирање на прес- кафе за новинари за воспоставување на соработка
• Изработка и печатење/ продукција на промотивните материјали (печатени/видео)
• Организирање и одржување на промотивен настан со прес конференција
• Спроведување на анализа/анкета преку прашалник за одржливоста на платформата

Дополнителни информации за проектот можат да се добијат кај координаторот на проектот Стојан Лешоски на телефон 071/851 118, 02/ 3217 247 или на e-mail: stojan@ekosvest.com.mk или info@ekosvest.com.mk

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на http://www.gefsgpmacedonia.org.mk и на http://sgp.undp.org



Еко-свест