15.01.2013. - Започна проектот „Одржлива енергетска политика за Југоисточна Европа'

На 15.01 започна регионалниот проект со наслов „Одржлива енергетска политика за Југоисточна Европа“ кој е финансиски поддржан од Европската комисија преку Civil Society Facility.
Проектот го координира SEE Change Net со седиште во Босна и Херцеговина, а партнери во проектот се дваесетина граѓански организации од регионот. Во Македонија, партнерски организации кои ќе го спроведат проектот се Еко-свест, Аналитика и Фронт 21/42.
Проектот има цел да креира алтернативни сценарија за енергетскиот развој на државите од западен Балкан и преку кампања да ја подигне свеста кај граѓаните и донесувачите на одлуки за прифаќање на предложените, одржливи начини на искористување на енергијата.
Проектот ќе трае 2 години со можност за негово продолжување за уште 2 дополнителни години.

Еко-свест

повеќе