10.03.2013. - Еко-свест во координативно тело на граѓански организации за дијалог и координација со МЖСПП

Извршниот директор на Еко-свест, Ана Чоловиќ Лешоска е избрана за претставник на граѓанските организации кои делуваат на полето на заштита на животната средина во координативното тело за дијалог и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. Изборот се одвиваше во февруари а Ана беше кандидирана во секторот „одржлив развој и инвестиции во животната средина“. Првата средба на координативното тело ќе се одржи на 13.03.2013 година во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Еко-свест