21.05.2012. - Македонските здруженија разговараат за идната ИПА

На 21 и 22 мај 2012 година, македонските граѓански здруженија на дво-дневна работилница во организација на Еко-свест ќе разговараат за иднината на пред-пристапните фондови во Македонија.

Пред-пристапните фондови од ЕУ кои во Македонија се доделуваат во рамки на Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА) се во функција од 2007 година. Во 2014 година ќе започне нов програмски период, за кој активностите кои ќе треба да бидат финансирани треба да се испланираат и испрограмираат барем 2 години пред почетокот на новиот програмски период.

Од овие причини, македонските граѓански организации во организација на Еко-свест на дво-дневна работилница ќе дискутираат за реалните потреби на Македонија за инвестиции во животната средина, енергетиката и транспортот во периодот од 2014-2020 година. Преку работилницата тие ќе подготват предлози и препораки до Македонските надлежни институции и истите ќе ги презентираат пред нив, со цел навремено да ги информираат за ставовите на граѓанскиот сектор.

Еко-свест

повеќе