29.10.2013. - Еко-свест ќе ги претставува граѓанските организации во ЛСГ на Таксо

Претставник на Еко-свест ќе ги претставува граѓанските организации кои работат на поле на животната средина, земјоделството и рурален развој во Локалната советодавна група (ЛСГ) на проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Македонија.

Поддршка за претставникот дадоа здруженијата Биосфера, Macedonian Owl Trust, Аналитика и Цепросард, а номинацијата беше поддржана од Коалицијата „Натура2000“ која брои 14 членки.

Еко-свест активно ќе ги информира сите граѓански организации за темите кои ќе ги дискутира ЛЦГ преку новиот еколошки портал Екосфера- www.ekosfera.mk.

Еко-свест

повеќе